[ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ] КОНФЕРЕНЦИЈА: КАКО ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СПРАВИЈА СО ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ 2013-2020?

КОНФЕРЕНЦИЈА: КАКО ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СПРАВИЈА СО ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ 2013-2020?

21 октомври
Рагуза Руфтоп 360
12.00 – 16.00

Изминатите 15 години одливот на мозоци претставува еден од најсериозните предизвици во нашето општество. Иако високо на агендата на сите политички актери, мерките за намалување или се непостоечки или се нереализирани.

Во тој контекст на 21 октовмври ќе се одржи Конференцијата „Како институциите се справија со одливот на мозоци 2013-2020?”. На конференцијата ќе биде претставена мониторинг анализата на Националната стратегија за вмрежување,  соработка и спречување на одливот на високо образовни и стручни кадри 2013-2020, како и генерирање на препораки за изработка на нова стратегија.

На настанот поканети да земат учество се претставници на Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за иселеништво, Владата на РСМ како и претседателот на Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски.

Дополнително настанот е отворен за сите претставници на граѓански организации, меѓународни институции и индивидуалци кои поседуваат искуство во наведената област.

Секој учесник на настанот ќе има можност да учествува на презентација на анализата, панел дискусија со претставници на институции како и учество на работни групи за генерирање на препораки за нова стратегија.

Доколку сте заинтересирани, потребно е да се регистрирате на следниот ЛИНК.