КОИ СМЕ НИЕ?

Мрежата за спречување на одливот на мозоци е неформална мрежа составена од 7 граѓански организации кои работат на различни полиња поврзани со развојот на младите, младинските политики и права, како и младинското информирање.

Целта на мрежата е да ја подигне свеста кај институциите и граѓаните за заминувањето на младите од земјата, како и да предлага мерки и решенија за спречување на овој феномен.

Членки на Мрежата за спречување на одливот на мозоци се:

  1. Лидери за едукација, активизам и развој
  2. Младиинфо интернационал
  3. Младите можат
  4. Младински сојуз- Крушево
  5. Здружение за дислексија Ајнштајн
  6. Центар за младински активизам КРИК
  7. Центар за мултидисциплинарен развој- Процес